Рожер Федерер денес лесно го совлада Александар Зверев со 6:1, 6:3 и така стигна до својата девета титула на турнирот во Хале.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Федерер не го криеше воодушевувањето од неговиот денешен настап.
„Играв неверојатно добро. Се чуствував добро и не попуштив во ниту еден момент. Ова беше мојот најдобар меч оваа недела. Скоро се функционираше совршено. Зверев е одличен тенисер. Многу сум среќен поради него и тоа како напредува во последните години. Иднината му припаѓа него“, изјави Федерер.
Потоа Зверев малку се пошегува со Швајцарецот.
„Можеше да бидеш малку пољубезен и да ми дозволиш да освојам уште некој поен“, прокоментира Зварев.