Дома Тенис Федерер: Знаев дека имам минимални шанси за победа

Федерер: Знаев дека имам минимални шанси за победа

Роџер Федерер доживеа нов пораз од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија Опен со 3:0 во сетови.

Швајцарецот имаше проблеми со повреда на слабините,но изјави дека не би излегол на терен доколку не мислел дека има шанси да победи, иако признава дека тие биле минимални.

„Немаше да излезам на терен ако не мислев дека имам шанси за победа. Успеав да дадам отпор, но Новак е одличен, секогаш ве тера на удар повеќе и игра феноменално. Ментално е многу силен“, истакна Федерер.

„По четвртфиналето, се обидов да се одморам и не тренирав. Мислев дека можам да играм денес. Знаев дека веројатноста да победам беше само 3%“, изјави 38-годишниот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Боржеш го исфрли Руд: Ѓоковиќ доби поинаков пат до полуфиналето во Базел

Нуно Боржеш со пресврт го елиминира Каспер Руд и се пласира во четвртфиналето, каде би мож…