Дома Фудбал Фановите на Реал поделени околу враќањето на Роналдо

Фановите на Реал поделени околу враќањето на Роналдо

Фановите на Реал Мадрид се поделени околу актуелната тема за евентуалното враќање на Кристиано Роналдо во „кралскиот“ клуб.

Нормално, во моментов се е на ниво на шпекулации, кои се засилија после елиминацијата на Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Скоро 120.000 фанови учествувале во анкетата која ја направи мадридскиот весник „АС“ и 54% од нив гласале за враќање на Роналдо, додека 46% не го сакаат повеќе на „Сантиаго Бернабеу“.

Според информациите од Италија, Јувентус е спремен да ја продаде португалската ѕвезда на лето за 29 милиони евра, бидејќи има уште една година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем го мерка Крупи: За напаѓачот на Борнмут се споменуваат 100 милиони фунти

Ели Жуниор Крупи се поврзува со јануарски трансфер во Тотенхем, но засега нема конкретна п…