Дома Фудбал Англија ФА отвори нова постапка против Гвардиола: Мурињо се сомнева дека би бил толериран за истото!

ФА отвори нова постапка против Гвардиола: Мурињо се сомнева дека би бил толериран за истото!

Фудбалскиот сојуз на Англија отвори повторно истрага против каталонскиот предводник на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола.

Причината овојпат е прекршок на правилата врзани за забраната на истакнувањето на политички пораки на натпреварите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се работи за жолтата лента која Гвардиола во неколку изминати натпревари ја носеше на својата рака, што беше протолкувано како поддршка за каталонските политичари кои се затворени поради битката за прогласување на независност на покраината Каталонија и одделување од Шпанија.

Каталонецот по повод овој случај ќе треба да се изјасни до 5ти март, конкретно до 18 часот.

Мурињо на ова имаше реакција уште по дуелот помеѓу градските ривали, по кој истакна дека се сомнева дека нему би му било толерирано вакво нешто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…