Португалскиот стратег, Жозе Мурињо го потврди трансферот на Роџер Ибањез кој се сели во Ал Ахли кај македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мурињо со објавба на Инстаграм му посака се најдобро на Ибањез во Саудиска Арабија, но и се пошегува во негов стил.
„Биди среќен „гарото“. Знам дека ќе ти недостасувам. Сега ќе можем да ми платиш вистинска вечера на мене и мојот тим. Уживај во Саудиска Арабија“, објави португалскиот стратег.
Ибањез во изминатата сезона знаеше да погреши, но сепак покажа пожртвуваност со што го стекна респектот од Мурињо што секако не е мала работа.