Дома Фудбал Уште еден доказ дека Роналдо заврши со Манчестер Јунајтед

Уште еден доказ дека Роналдо заврши со Манчестер Јунајтед

Кристиано Роналдо очигледно го одигра последниот натпревар за Манчестер Jунајтед и ќе си бара нов клуб во јануари поради контроверзното интервју кое го имаше со Пирс Морган.

Манчестер Јунајтед ангажираше авокати за раскувањето на договорот со Португалецот, а последниот потег покажува дека тој веќе го одиграл последниот меч за „црвените ѓаволи“.

Имено, на аукција бил продаден дресот на Роналдо од последниот меч против Астон вила за 39.000 фунти, а среќникот кој го купил е еден Кинез.

Роналдо ќе игра за Португалија на Мундијалот во Катар, а по враќањето од Светското првенство ќе треба да си бара нов тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Форест шутира, но головите ги нема: Гибс-Вајт верува во пресврт

Со 137 удари и само шест гола во Премиер лигата, Нотингем Форест има сериозен проблем со р…