Дома Трансфер зона Умтити одбива да замине: Благодарам, но сакам да го испочитувам договорот

Умтити одбива да замине: Благодарам, но сакам да го испочитувам договорот

Барселона испрати понуда до Самуел Умтити за раскинување на договорот, но фудбалерот се заблагодари и ја одби понудата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона сакаше ова лет да се ослободи од Умтити кој како и уште неколку играчи е оценет како „вишок“. На Барселона и се потребни финансии за да го продолжи договорот со Меси без да го прекрши финансискиот фер-плеј.

Сепак Французинот порача дека сака да остане.

„Благодарам за понудата за раскинување на договорот, но јас ќе останам и ќе го испочитувам договорот“, изјави Умтити.

Ова секако не е добра вест за челниците на Барселона. Умтити во Барселона дојде пред пет години, а од тој момент имаше големи проблеми со повредите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…