УЕФА ја одби жалбата на Реал Мадрид за казната на Дани Карвахал, кој ќе мора да паузира два натпревари во Лигата на шампиони.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Карвахал намерно доби жолт картон на натпреварот од претпоследното коло во групната фаза од ЛШ за да биде „чист“ во осминафиналето. Меѓутоа дисциплинската комисија на УЕФА поради тоа покрена постапка па бекот на „кралевите“ доби два меча суспензија.
Карвахал го пропушти првиот меч во групната фаза против Борусија Дортмунд. Реал се жалеше, со намера да се намали казната на само еден меч, но денес жалбата беше одбиена.
Така Зинедин Зидан нема да може да смета на Карвахал во првиот натпревар од мега пресметката против Пари Сент Жермен во осминафиналето од ЛШ.
Тој натпревар на прогамата е на 14-ти февруари на „Сантиаго Бернабеу“.