Дома Фудбал Останато УЕФА решава: Дали ќе се откаже Лигата на нации?

УЕФА решава: Дали ќе се откаже Лигата на нации?

Во понеделник Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе решава за иднината на репрезентативното натпреварување Лигата на нациите.

Проблемите во календарот на УЕФА создадени од пандемијата на корона вирусот, ги принудува челниците на Европската куќа на фудбалот да бараат нови решенија во и онака веќе згуснатиот календар. 


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мирор“ објави дека со оглед на густите термини поради пандемијата на коронавирусот јасно е дека Лигата на нации нема да почне во септември, како што е планирано, а во игра е и откажува или одложување.

Конечната одлука за лигата на нации, но и термините на сите натпреварувања, меѓу кои и баражот за Европското првенство, ќе го донесе Извршниот комитет на 27 мај.

Токму преку ова натпреварување македонската фудбалска репрезентација ќе ја брка историската шанса за пласман на Европското првенство. Полуфиналниот натпревар против Косово беше одложен и се уште се чека одлука за конечниот термин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…