Дома Фудбал УЕФА не само што не ги врати Русите во меѓународните натпреварувања, туку им одзема и уште еден настан

УЕФА не само што не ги врати Русите во меѓународните натпреварувања, туку им одзема и уште еден настан

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) одби да ги врати руските клубови и репрезентации во своите натпреварувања за следната сезона, пренесува сигурен „Атлетик“.

Покрај тоа, на Русите им беше одземено и домаќинството на Суперкупот на Европа за оваа година, чиј домаќин требаше да биде Казан.

Денеска се водеше повеќечасовна дискусија меѓу првиот човек на Руската фудбалска федерација и делегацијата на УЕФА. Русите направија се за да им биде укината забраната од европските натпреварувања, но УЕФА одлучи да не го стори тоа.

Да потсетиме, руските клубови и репрезентации добија забрана за учество во сите европски натпреварувања од почетокот на војната во Украина минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова грижа за Спалети: Мекени неизвесен за гостувањето кај АЗ

Јувентус има долга листа отсутни, а настапот на Вестон Мекени во Лигата на Европа ќе завис…