Наредната година се игра Европското првенство во Германија, а како што стојат работите некои од правилата кои важеа минатиот турнир сега нема да бидат на сила.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Помеѓу тие правила ќе биде и она за регистрација на фудбалери. На првенството пред две години репрезентациите имаа можност да пријават 26 фудбалери. Причина за таквата бројка беше ковид пандемијата и поголемата можност некој од играчите да се разболи па да треба да отсуствува.
Сега кога пандемијата е минато УЕФА ќе го врати старото правила со регистрација на 23 фудбалери.
Од друга страна најверојатно ќе останат на сила петте замени кои исто така беа донесени поради корона пандемијата, тоа правила остана да се користи во светскиот фудбал и понатаму.