Дома Фудбал Удар за Гвардиола: Де Брујн во „аут“ до крајот на сезоната

Удар за Гвардиола: Де Брујн во „аут“ до крајот на сезоната

Плејмејкерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујн ќе го пропушти утрешното дерби со Манчестер Јунајтед, како и сите натпревари од Премиер лигата до крајот на сезоната, пренесуваат медиумите на Островот.

Белгиецот се повреди за време на натпреварот против Тоѕенхем овој викенд. Се претпоставува дека Де Брујн ќе биде надвор од терените најмалку две недели, пред да им се врати на тренинзите.

Меѓутоа, во таборот на Манчестер Сити се надеваат дека тој ќе се опорави за финалето од ФА Купот против Ватфорд.

Бенџамин Менди исто така е под знак прашалник за утрешното дерби на „Олд Трафорд“, откако го пропушти последниот тренинг на „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Илиќ: Оди на операција, Србија останува без него

Повредата против Болоња бара хируршки зафат. Иван Илиќ ќе биде опериран во Финска, а Пауно…