Дома Фудбал Убави вести за Артета: Клучен играч наскоро се враќа во тимот

Убави вести за Артета: Клучен играч наскоро се враќа во тимот

„Многу наскоро во тимот ќе го имаме Мартин Одегард“, најави тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета.

Во септември норвешкиот играч од средниот ред го повреди скочниот зглоб, а и покрај тоа што не беше со тимот, Арсенал донекаде го задржа чекорот во Премиер лигата со Манчестер Сити и Ливерпул кои се на првите две места на рангирањето.

„Одегард тренира последните неколку недели. Интензитетот на тренинзите се зголемува и искрено се надевам дека ќе биде целосно подготвен, можеби и пред репрезентативната пауза“, изјави Артета.

Ова би требало да значи дека има шанси 25-годишниот Одегард да игра на 10 ноември кога Арсенал гостува кај Челзи во 11. коло од Премиер лигата.

Арсенал е на третото место и има 18 бодови. Пред него се Манчестер Сити со 23 и Ливерпул со 22 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мегваер ја изгубил капитенската лента, а тогаш следувале зборови на Фернандеш за паметење

Бруно Фернандеш првпат детално зборуваше за разговорот со Хери Мегваер откако стана капите…