Дома Фудбал Останато Тухел си „пресудил“ со контроверзна изјава

Тухел си „пресудил“ со контроверзна изјава

Томас Тухел денес изненадувачки доби отказ од Пари Сент Жермен, шест месеци пред истекот на договорот.

Денес француските медиуми откриваат дека капката која ја прелеала чашата кај раководството на ПСЖ била изјавата која ја дал Тухел пред синоќешниот натпревар.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Во ПСЖ повеќе се чувствувам како политичар или министер за спорт, отколку како тренер. Јас само сакам да работам. Поради тоа станав тренер, можам да работам секаде, на секо место каде што има пола терен за тренинг и ДВД уред за снимање на видео-записите. Јас го сакам фудбалот, но во овој клуб не секогаш станува збор за фудбал. Во овој клуб има секакви влијанија, не е секогаш најважен интересот на екипата“, рекол Тухел.

Овие зборови наводно биле пресудни за раководството да му врачи отказ, иако познато е дека спортскиот директор Леонардо веќе подолго време е во конфликт со Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чаби Алонсо го избрал првото засилување за Леверкузен

Баер Леверкузен зад себе има одлична сезона, но истовремено работи и на засилувањата за сл…