Дома Фудбал Лига на шампиони Тухел: Не беше лесно како што изгледаше

Тухел: Не беше лесно како што изгледаше

ПСЖ синоќа пред 40.000 гледачи ја декласираше Црвена Звезда. Избраницит на Томас Тухел после поразот од Ливерпул играа со висока мотивираност, a не застанаа и покраj високите 4:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причина за задоволство после натпреварот имаше и самиот Тухел, но истакна дека и покрај убедливата победа не беше лесно како што изгледаше.

„Црвена Звезда не загубила 34 натпревари во низа, можеби изгледа дека беше лесно, но не беше. Тие се тим кои тешко примаат голови, а ние сме едни од најдобрите. Добро ги анализиравме. Можам да бидам задоволен од играта, бевме на врвно ниво. Ми се допадна што игравме како тим.“ – изјави тренерот на францускиот шампион.

Против Звезда посебно блескаше Нејмар, кој постигна хет-трик.

„Извонреден, фантастичен… Што друго да кажам? Јасно е дека Нејмар е лидер во нашиот тим, но синоќа сите играчи беа добри.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Официјално: Жозе Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид!

Жозе Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид. Ова го потврди кралскиот клуб. Како ПАМЕТНО да…