Германските медиуми денеска пренесуваат дека Томас Тухел во случај на пораз вечерва од Арсенал би можел веднаш да добие отказ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Викендов Баерн доживеа бламажа против Хајденхајм и откако водеше со 2:0 на полувреме на крајот беше поразен со 2:3.
Баерн сезонава не успеа да дојде до финалето во Купот, титулата во Бундеслигата веќе ја изгубија бидејќи на Леверкузен му е потребна само уште една победа, па така за спас на сезоната им останува само Лигата на шампионите.
Се најавува и кој би можел да го наследни Тухел ако сега добие отказ, тоа е клупската легенда и славен напаѓач, Мирослав Клосе.