Дома Фудбал Италија „Тутоспорт“ воодушеви со насловната: Миха доаѓа во Торино да се види големиот пријател и малиот брат

„Тутоспорт“ воодушеви со насловната: Миха доаѓа во Торино да се види големиот пријател и малиот брат

Српскиот тренер во сабота ќе биде на клупата на Болоња против Јувентус.

Реномираниот италијански „Тутоспорт“ пред натпреварот помеѓу фудбалерите на Јувентус и Болоња (сабота 20:45 часот) му посака добредојде на српскиот тренер Синиша Михајловиќ.

Медиумот од Торино на насловната страна во прв план го стави Михајловиќ заедно со колегата од Јувентус, Маурицио Сари и директорот Павел Недвед со наслов „Добредојде Синиша“.

„Синиша доаѓа во Торино да се види со големиот пријател Сари и „малиот брат“ Недвед“, се наведува во текстот.

Секако, „Тутоспорт“ алудира на времето во кое Михајловиќ и Недвед играчките денови ги поминаа во римски Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…