Дома Фудбал Франција Турски бизнисмен од Марсеј прави сериозен конкурент на ПСЖ?

Турски бизнисмен од Марсеј прави сериозен конкурент на ПСЖ?

ПСЖ и оваа година е неприкосновен во француската Лига 1, но може ли да се промени тоа наскоро?

Галтие го презеде тимот, го наследи Покетино и продолжи да победува. Во Лига 1 по 15 одиграни кола се уште немаат пораз, додека во Лигата на шампионите за противник го имаат Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француските медиуми, пак, пишуваат дека во Франција се подготвува нова голема зделка.

Олимпик Марсеј е на мета на тунискиот бизнисмен Буаџил, кој е поддржан од конзорциум од Обединетите Арапски Емирати.

L’Equip претходно објави дека актуелниот сопственик на клубот Френк Меккурт не сака да го продаде тимот што го купи пред шест години за сума од 45 милиони евра. Сепак, сега Американецот и поранешен сопственик на ЛА Доџерс е подготвен да преговара за сума од 500 милиони евра!

Останува да видиме што ќе одговорат заинтересираните купувачи, но постои шанса катарските сопственици на ПСЖ да добијат сериозен конкурент во финансиска смисла.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…