Дома Видео Триото од 300 милиони се посрамоти како никој: Сами тргнаа кон голот, а топката не стигна ни до голманот

Триото од 300 милиони се посрамоти како никој: Сами тргнаа кон голот, а топката не стигна ни до голманот

Франција ја победи Грција минимално со 1:0 во рамките на квалификациите за ЕП, но победата требаше да биде поубедлива доколку на крајот имаше поголема концентрација.

Во судиското надополнување, играчите кои заедно вредат повеќе од 300 милиони евра имаа идеална позиција да постигнат гол, но на крајот само се посрамотија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Откако Тео Ернандез им ја додаде топката, Килијан Мбапе, Кристоф Нкунку и Усман Дембеле тргнаа сами кон грчкиот голман.

Сепак, следеа серија грешки кои на крајот ги засрамија големите напаѓачи и оставија многумина во неверување.

Се започна кога Мбапе ја прескокна топката, што го изненади и Нкунку, кој потоа му ја додаде на Дембеле, а напаѓачот на Барселона реши да оди сам.

Дембеле се намести на својата лева нога, но додека го правеше тоа, грчката одбрана успеа да се позиционира и неговиот удар на крајот беше изблокиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Артета верува во титулата: Сонот е жив!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета во пресрет на последното коло се уште не се откажува и в…