Дома Трансфер зона Три клуба во трка за потписот на одличниот Бразилец од Ајакс!

Три клуба во трка за потписот на одличниот Бразилец од Ајакс!

Холандскиот гигант Ајакс во текот на летото ќе остане без половина тим.

Фантастичните настапи на овој тим во Лигата на шампионите придонесоа за огромен интерес за нивните фудбалери, а европските богаташи нема да штедат за да ги доведат оние кои им привлекоа најголемо внимание.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од оние кои воодушевија во дресот на Ајакс е 22 годишниот бразилски фудбалер Давид Нерес. Одличниот Бразилец игра одлично, го привлече вниманието на себе, а кариерата на крајот би можел да ја продолжи во Шпанија.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне побара од раководството на клубот да му го доведат Нерес. Симеоне смета дека токму тој би можел да биде вистинскиот избор за неговиот тим и „јорганџиите“ наскоро ќе испрат официјална понуда за него.

Нерес ќе има тешка одлука кога во прашање е изборот на новиот клуб. Покрај Атлетико интерес за него покажуваат Пари Сен Жермен и Јувентус и сигурно дека овие тимови имаат доволно пари да го победат Атлетико во трката.

Ајакс нема да се прашува во изборот на новиот клуб на овој фудбалер, баш како и што е случај со останатите млади играчи. Ќе ги пуштат сами да одлучат, а потоа ќе ја прифатат понуда која ќе пристигне.

Нерес оваа сезона е навистина фантастичен. Играше чудесно, а настапи дури на 50 натпребари и има учинок од 12 голови и 15 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата од Бундеслигата

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа. 27-годишниот …