Дома Трансфер зона Три европски гиганти се „тепаат“ за Миленковиќ

Три европски гиганти се „тепаат“ за Миленковиќ

Дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец, Никола Миленковиќ игра уште една одлична сезона и е на мета на многу европски гиганти.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со Фиорентина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интерес за Србинот од поодамна покажуваат Милан и Манчестер Јунајтед, но сега „сините“ сериозно се вклучиле во трката за неговиот потпис.

Миленковиќ на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Фиорентина ќе мора да го продаде, а за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Приоритет на Томас Тухел во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната, а Миленковиќ е на врвот на листата желби.

Милан и Манчестер Јунајтед исто така се во контакт со неговиот агент, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…