Дома Македонски спорт Мак фудбал Трајковски и Велковски пред Австрија и Израел најавуваат борба до крај

Трајковски и Велковски пред Австрија и Израел најавуваат борба до крај

Репрезентацијата на Македонија ги продолжува подготовките во пресрет на на последните два квалификациски натпревари од овој циклус со Австрија и Израел.

Нашата селекција во сабота игра против Австрија на гостински терен, а потоа на 19-ти овој месец не очекува натпреварот против Израел дома.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес репрезентативците одработија тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Александар Трајковски и Крсте Велковски најавуваат борба до крај за третата позиција која би била најдобар пласман на нашта селекција во едни квалификации.

„Мислам дека овие два натпревари ќе бидат навистина тешки, ни недостасуваат неколку фудбалери, но сепак имаме квалитет да се обидеме да освоиме што повеќе бодови и да останеме на третото место во групата. Австрија е многу квалитетна репрезентација, играат одлични натпревари, но наше е да се потрудиме да одиграме на високо ниво и силно да се спротивставиме. Ритамот на игра сигурно ќе биде на максимум, но и покрај отсуството на неколкумина фудбалери мислам дека физички сме подготвени за предизвикот. Со добар резултат од овие два натпревари ќе ја задржиме атмосферата за тоа што веројатно не очекува во март и натпреварот за пласман на Европското првенство“, изјави Велковски.

„Се додека имаме шанса ќе се бориме до крај. Ова е добра можност да покажеме дека поразот на домашен терен не ја покажува реалната слика меѓу двете репрезентации. Мислам дека сме добро подготвени и одиме да го дадеме нашиот максимум на теренот во Виена. Најважно е сега да се обидеме да ги добиеме овие два натпревари, да се покажеме во најдобро светло, а потоа ќе размислуваме на мартовскиот предизвик од Лига на нации. Во изминатиот период игравме и со послаби и со поквалитетни репрезентации и сметам дека покажавме дека можеме да се носиме со било која селекција, смета Трајковски.

ФОТО: ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судењето на македонските фудбалски терени викендов било без грешка!

На натпреварите од 29 коло од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа. Судиска ком…