Дома Македонски спорт Трајковски: Голема мотивација и предизвик е да се игра толку важен натпревар со една Италија

Трајковски: Голема мотивација и предизвик е да се игра толку важен натпревар со една Италија

Репрезентацијата на Македонија денес доби тежок ждреб во баражот за Мундијалот во Катар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во полуфиналето ќе се сретнеме со Италија, додека со евентуален пласман во финалето ќе гостуваме на Италија или Турција. Коментар и свое мислење за ждребот за нашиот сајт даде напаѓачот Александар Трајковски.

„Мое мислење за овој ждреб беше со која и репрезентација да се падневме, вербата во репрезентацијата и во нашите квалитети се неминовни, не смееме да дозволивме да бидеме лесен противник. Ќе се надигруваме со секоја репрезентација. Секако дека мотивацијата да се игра толку голем и важен натпревар со една Италија е уште погоелм предизвик да се докажеме колку вредиме“, ни изјави Трајковски.

Александар Трајковски беше стрелец во натпревароит кој го игравме во Торино со Италија, тогаш дуелот зааврши без победник (1:1).

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Милан е минато: Леао ќе бира меѓу два премиерлигаши!?

Португалската ѕвезда Рафаел Леао повторно се најде во центарот на вниманието откако со сво…