Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Традицијата вели: Аргентина никогаш не изгубила полуфинале

Традицијата вели: Аргентина никогаш не изгубила полуфинале

Aктуелниот светски вицешампион утре ќе игра ново полуфинале, а против себе Хрватите ќе ги имаат Меси и Аргентина. „Коцкестите“ во овој натпревар ќе играат и против традицијата која вели дека досега никој не успеал да ја сруши Аргентина во оваа фаза.

Аргентина во историјата има две светски титули и три изгубени финалиња, но посебен предизвик за Хрватска ќе биде да ја прекине серијата на Аргентина во полуфиналните натпревари. Аргентинците досега играле четири вакви класични полуфиналиња и никогаш не изгубиле.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првото вакво полуфинале Аргентина го играше во Монтевидео во 1930 година кога го победи САД со 6:1, а во финалето беа поразени од Уругвај. Второто полуфинале го играа против Белгија во 1986 година и тогаш славеа 2:0 со головите на Марадона, во финалето ја освоија светската круна.

Во 1990 година Аргентина играше полуфинале со Италија и преку домаќинот славеше на пенали, а во финалето изгубија од Германија. Во 2014 година како оваа година во четвртфиналето ја елиминираа Холандија, меѓутоа повторно во финалето Германија беше подобра.

Треба да се знае дека кога Аргентина ја освои првата светска титула во 1978 година тогаш немаше вакво класично полуфинале туку до финалето се стигнуваше преку групи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…