Дома Фудбал Останато ТРАГЕДИЈА: Убиен еден од најдобрите пријатели на Марио Балотели!

ТРАГЕДИЈА: Убиен еден од најдобрите пријатели на Марио Балотели!

Под неразјаснети околности почина човекот кој беше најголема поддршка на „Супер Марио“ во Англија.

Мајов Огунбајо е човек кој беше најдобар пријател на Балотели додека тој настапуваше во Англија, а во оваа земја беше познат како „Џони Џон“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Џони Џон“ бил пронајден мртов во својот дом, а девојката со која живеел била уапсена, но набрзо и пуштена бидејќи полицијата не поседувала докази дека таа учествувала во убиството.

Оваа трагична вест сигурно ќе влијае на Италијанецот кој во Англија поминуваше голем дел од времето со „Џони Џон“, а останаа во контакт и кога тој замина.

Овој Нигериец работеше како хотел менаџер, подоцна основаше и своја промотерска агенција, а никогаш нема проблеми со законот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Многу имиња се споменуваат за менаџерската позиција во Челси, но кои се фаворити

Откако вчера раководството на Челси донесе одлука да се раздели со деветтиот менаџер за по…