Дома Трансфер зона Тој што го сака Халанд ќе треба да му плати богатство на Раиола

Тој што го сака Халанд ќе треба да му плати богатство на Раиола

Норвешката гол-машина на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Халанд е голема желба на многу клубови, а последните информации се дека Челзи е спремен да плати 175 милиони евра за неговиот потпис.

Сепак, клубот што ќе го купи Халанд ќе мора да издвои и голема сума како провизија за неговиот агент Мино Раиола. „Скај Спорт“ тврди дека контроверзниот холандски менаџер бара дури 40 милиони евра за неговите посреднички улоги во трансферот на Ерлинг Халанд.

Раиола е познат по големите провизии, па така од трансферот на Погба на „Олд Трафорд“ доби 23 милиони евра, а од трансферот на Донарума во ПСЖ ќе добие 20 милиони евра.

Останува да видиме кој клуб е спремен да му плати толкава сума на Раиола за да го добие потписот на Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…