Дома Трансфер зона Тотенхем и Севиља договорија трампа, Ламела се сели во Примера

Тотенхем и Севиља договорија трампа, Ламела се сели во Примера

Тотенхем и Севиља договорија трампа според која во шпанскиот клуб ќе се пресели Ерик Ламела, а во Лондон ќе пристигне младиот шпански репрезентативец Брајан Хил.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова го потврдија шпанските медиуми и открија дека Севиља ќе добие додатни 25 милиони евра во зделката.

Брајан Хил има 20 години и важи за еден од најталентираните фудбалери во Шпанија, а е дете на Севиља. Во моментов тој е дел од репрезентацијата на Олимпијада, а последната сезона ја помина на позајмица во Еибар.

Ламела пак влезе во последната година од договорот и Тотенхем го искористи за да го добие потписот на младиот Шпанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…