Дома Трансфер зона Тотенхем го „краде“ Љоренте пред носот на Челзи

Тотенхем го „краде“ Љоренте пред носот на Челзи

Една од најголемите трансфер желби на Антонио Конте во летниот преоден рок беше Фернандо Љоренте, во кого италијанскиот стратег гледаше идеална замена за Диего Коста.

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович се согласи да му ја исполни желбата на тренерот и медиумите на Островот тврдеа дека „сините“ испратиле понуда од 12 милиони фунти за шпанскиот напаѓач.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа Свонси не попушта и бара најмалку 15 милиони фунти за неговата слобода, а денес Тотенхем ја понуди таа сума и клубот од Велс ја прифати.

Англиските медиуми пренесуваат дека сега Љоренте е многу блиску до трансфер во Тотенхем, но Челзи има време уште неколку часа да ја израмни понудата.

Доколку „сините“ не понудат 15 милиони фунти, Љоренте до крајот на денот и официјално ќе стане нов играч на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дефанзивецот на Јувентус го руши рекордот на Недвед и заминува?

Дефанзивецот Алекс Сандро по долги години би можел да го напушти Јувентус. Некогаш еден од…