Дома Фудбал Англија Тотенхем се вклучува во трката по Алегри

Тотенхем се вклучува во трката по Алегри

Италијанскиот стратег Масимилијано Алегри доби отказ во Јувентус на крајот од минатата сезона.

Меѓутоа италијанските медиуми пренесуваат дека Алегри многу брзо може да се врати на тренерската работа и тоа во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, Алегри е прв кандидат за нов тренер на „Црвените ѓаволи“ доколку Оле Гунар Солскјер добие отказ што е и тоа како можно после лошите резултати на Јунајтед на почетокот на сезоната.

Меѓутоа, сега во трката за трифејниот италијански стратег се вклучи и Тотенхем.

Под водство на Покетино, Тотенхем не успеа да ја започне новата сезона според планот. Во првите шест кола освоија само 8 бода, притоа отпаднаа од Лига купот.

Се повеќе се шпекулира дека Покетино на крајот на сезоната ќе ги напушти „спарси“, а прв избор на претседателот Даниел Леви е токму Макс Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…