Дома Фудбал Лига на шампиони Тонали уште малку ќе заплачеше пред новинарите, Жоржињо му се смееше 🎥

Тонали уште малку ќе заплачеше пред новинарите, Жоржињо му се смееше 🎥

Во дербито на вечерта вчера Милан беше поразен од Челзи на „Сан Сиро“, а најмногу што се коментира после овој натпревар е судењето на главниот судија Даниел Зиберт.

Натпреварот комплетно се промени од таа 18. минута кога Германецот покажа на белата точка и го исклучи Томори. По натпреварот на ваквата одлука се жалеше играчот за врска на Милан Сандро Тонали.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во еден натпревар има многу такви дуели. Кога ќе дадете пенал после таков контакт за 18 минути…Како да игравме кошарка, секој допир беше фаул. Таков впечаток добив, имавме неколку жолти картони за смешни прекршоци само во првото полувреме“, коментираше Тонали.

Токму во моментите додека тој се жалеше на другата страна Жоржињо му „факаше сеир“ и му се смееше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…