Дома Фудбал Репрезентации Томас Милер се демантираше самиот себе

Томас Милер се демантираше самиот себе

Томас Милер, кој најави повлекување од репрезентацијата по неуспехот на Германија на Светското првенство во Катар, денеска изјави дека и понатаму е на располагање на националниот тим.

Германскиот напаѓач на 1. декември сугерираше дека го одиграл својот последен натпревар за Германија, откако тимот го заврши своето второ последователно Светско првенство по групната фаза.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милер, пак, денеска во Доха, каде Баерн се подготвува за продолжението на сезоната, изјави дека разговарал со тренерот Ханси Флик и дека одлучил да не се повлече од репрезентацијата.

„Бев емотивен по натпреварот, тоа беше тажен момент. Размислував за тоа, разговарав со селекторот… Се додека сум професионален фудбалер, секогаш ќе бидам на располагање на репрезентацијата“, изјави Милер. .

Милер додаде дека на Флик е да одлучи во каква улога, доколку ја има, ќе игра во тимот и призна дека е само една од многуте напаѓачки опции кои му се на располагање на тренерот.

Со 33 години беше вториот најстар играч во германската селекција на Мундијалот, зад 36-годишниот голман Мануел Нојер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…