Дома Фудбал Терористички напад во првиот слободен ден на Европското првенство!

Терористички напад во првиот слободен ден на Европското првенство!

Лоши вести пристигнуваат од Германија од вчерашниот прв слободен ден на Европското првенство.

Германците дефинитивно потфрлија со организацијата кога во прашање е безбедноста. Гледаме многу втрчувања на терен од навивачите, а изминатата вечер во Штутгарт бил избегната трагедија од поголеми размери.

„Билд“ пренесува дека исламски терорист влегол во фан зоната во Штутгарт и избодел тројца навивачи, еден германски тинејџер и двајца турски државјани.

Набрзо полицијата го уапсила 25-годишникот кој и покрај тоа што зоната треба да е максимално обезбедена успеал да пренесе оружје и да предизвика проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол и место во идеалниот тим: Додев се истакна во дресот на Алтаи

Дарко Додев беше стрелец во ремито на Алтаи со Јелимај Семеј и се најде меѓу најдобрите во…