Дома Фудбал Англија Тен Хаг потврди дека Јунајтед ќе биде активен на трансфер пазарот

Тен Хаг потврди дека Јунајтед ќе биде активен на трансфер пазарот

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг потврди дека клубот ќе биде активен на зимскиот трансфер пазар.

Примарна цел секако ќе биде да се засили нападот и да се донесе замена за Кристиано Роналдо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Да, ќе бараме замена, но само ако го најдеме вистинскиот играч. Ќе го дадеме нашиот максимум и ќе направиме анализа дали има можност да се донесе вистински напаѓач. Не можам да коментирам за одредени играчи и никогаш не сум го правел тоа. Тие имаат договри со своите клубови, така што ќе работиме тивко. Ја истражуваме секоја можност и бидете сигурни дека бараме засилувања“, изјави Тен Хаг.

Медиумите пренесуваат дека главна трансфер цел на „црвените ѓаволи“ ќе биде холандскиот репрезентативец Коди Гакпо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бензема за враќањето: „Нема шанси!“

Карим Бензема не е далеку од крајот на својата кариера. Напаѓачот на Ал Хилал сезонава пос…