Рома се пласира во финалето од Лигата на Конференции, а Мурињо веќе спрема засилувања за следната сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што пренесуваат англиските медиуми Мурињо сака да го донесе на „Олимпико“ десниот бек на Манчестер Јунајтед, Ван Бисака.
Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Тен Хаг нема да смета на Ван Бисака и му порачал да си бара нов клуб, а Рома сака да ја искористи таквата ситуација.
Двата клуба се во одлични односи и Рома сака да го донесе на позајмица со право на откуп.
Мурињо веќе разговарал со Ван Бисака и го убедил да се пресели во Рим и да им се придружи на сонародниците Абрахам и Смолинг.