Дома Фудбал Тен Хаг најави дека може да донесе играчи од Ајакс на „Олд Трафорд“

Тен Хаг најави дека може да донесе играчи од Ајакс на „Олд Трафорд“

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека нема клаузула со Ајакс која би му забранила да ги земе играчите од клубот.

Тен Хаг неколку години со успех го води Ајакс, а медиумите тврдат дека сигурно ќе сака да доведе некој фудбалер со себе на „Олд Трафорд“.

„Нема потпишан договор кој би ми забранил да носам играчи на Ајакс. Имам многу добри играчи таму, но тоа засега не е прашањето. Мораме да станеме шампиони на Холандија и се треба да биде фокусирано на тоа“, изјави Тен Хаг, кој веќе беше претставен во Манчестер.

Медиумите тврдат дека најголема желба на тренерот е капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ бидејќи смета дека тоа е играч кој ќе ја зголеми креативноста во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…