Дома Топ вести Тен Хаг го сака „детето“ од Манчестер Сити

Тен Хаг го сака „детето“ од Манчестер Сити

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг е заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг.

Холанѓанецот сака да ја засили десната страна од одбраната и во јануари е спремен да испрати понуда за 21-годишниот Фримпонг.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Фримпонг пристигна во Леверкузен во јануари од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година.

Интересно е што играчот е продукт на школата на Манчестер Сити, но не успеа да се наметне кај „граѓаните“, па беше продаден во 2019 година.

Тој во Леверкузен игра одлично и има 12 асистенции на 60 меча, па Тен Хаг смета дека одлично ќе се вклопи во неговиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…