Дома Фудбал Останато Текст кој допира до секое срце: Михајловиќ пред 19 години спасил млад живот на една Црногорка

Текст кој допира до секое срце: Михајловиќ пред 19 години спасил млад живот на една Црногорка

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ поминува низ најтешкиот период во неговиот живот.

Како што е познато Михајловиќ потврди дека му е откриена леукемија и сега пред него е долга борба со тешката болест.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Михајловиќ доби пораки на поддршка од сите страни: Клубовите каде што играше, клубовите што ги тренираше, соиграчите, ривалите…Една од пораките која привлече најголемо внимание во регионот на Црногорка по име Николина Радуновиќ.

Пред 19 години Михајловиќ на оваа девојка и го платил лекувањето и така го спасил нејзиниот живот. Нејзината статус на Фејсбук профилот навистина допира до секое срце.

„Утро, 13 јули 2019 година… Првата вест која ја читам е поврзана со Синиша Михајловиќ. Болен е велат, води животна битка. Мојот Синиша? Синиша чија фотографија е на екранот на мојот телефон? Тој Синиша, Михајловиќ – човек, фудбалер, хуманист, татко… Пред 19 години ми овозможи живот. Ми овозможи тоа што сум сега, да го живеам животот кој го живеам, да чекорам по патот по кој чекорам, да чувстувам, да посакувам, да сакам – а тебе веројатно најмногу.

Би сакала да можам да ти помогнам, како што ти мене ми помогна. Би сакала да можам да дојдам во посета, како ти што го правеше. Ама не можам. Мојата единствена помош ќе биде во молитвите – за уште една твоја победа. Ќе му се молам на Бог, во кој и двајцата веруваме. Во надеж дека нема да те ускрати за својата милост. Во надеж дека нема да ја заборави твојата великодушност и дека ќе ти пружи рака како што ти им ја пружаше на илјадниците луѓе за своите половина век.

Миха легендо, Миха кралу, Миха… Бори се! Издржи! Ќе победиш!“, стои во статусит на Радуновиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…