Дома Фудбал Англија Тежок удар за Мурињо: Сон е повреден!

Тежок удар за Мурињо: Сон е повреден!

Фудбалерите на Тотенхем за викендот на гости ја победија Астон Вила со 3:2 во 26 коло од Премиер лигата.

Херој на лондонскиот клуб беше Сон Хеунг Мин во четвртата минута од судиското продолжение, Но, после натпреварот Сон се пожали на болки во десната рака.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Утрово клубот од Лондон се огласи си лоши вести и откри дека Сон ќе мора да оди на операција. Тој се здобил со скршеница на десната рака и надвор од терените ќе биде неколку недели, засега не е прецизирано колку.

Сон е еден од најважните играчи во екипата на Жозе Мурињо и сигурно дека ова ќе биде голем удар за Тотенхем. Тој во досегашниот дел од сезоната одигра 32 натпревари, постигна 16 голови и додаде девет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: На кого „милионите“ ќе му донесат среќа?

Денес продолжуваат полуфиналните дуели од Лигата на шампиони, па очите на фудбалска Европа…