Иако се споменуваше Раде Стојановиќ како опција, сепак Еурофарм Пелистер се одлучи да назначи нов предводник и наследник на Ларс Валтер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нов тренер на „пелистерци“ ќе биде Александар Јовиќ кој досега го водеше вториот тим на битолскиот состав, но него ќе му помага и поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски.
„Со огромно задоволство ја информираме ракометната јавност, дека нов тренер на РК Еурофарм Пелистер е Александар Јовиќ. Исто така информираме дека за нов стручен тим-менаџер е назначен Звонко Шундовски. Управата на РК Еурофарм Пелистер смета дека ова е најдоброто можно решение за постигнувањето на главната цел оваа сезона.
Упатуваме голема благодарност до Јовиќ и до Шундовски кои во овие сензитивни и значајни моменти го прифатија големиот предизвик. Клубот наскоро ќе го објави составот на стручниот штаб и реогранизацијата до крајот на сезоната“, објавија од Еурофарм Пелистер.