Дома Македонски спорт Мак ракомет Талески: Револтиран сум што се „плука“ по нас, сега покажав за што сум способен

Талески: Револтиран сум што се „плука“ по нас, сега покажав за што сум способен

taleski

Maкедонија вчера го победи Исланд во драматичен натпревар со 33:34 на гостински терен.

Во овој натпревар Филип Талески постигна четири гола, но неговите погодоци дојдоа во важен момент, во последните десет минути и беше еден од најзаслужните што се радувавме на триумд во Рејкавик.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Талески после натпреварот истакна големо задоволство, но и револт поради честите критики на негова сметка од спортската јавност во земјава кои ги добиваше поради последните натпревари.

„Не можеме да бидеме незадоволни. На почетокот на натпреварот имавме проблем со одбраната, но потоа ја променивме формацијата од 5:1 во 6:0 и тоа донесе резултат. Оваа победа ни ја зголемува самодовербата пред вториот натпревар против Исланд. Јас секогаш се обидувам да бидам еден од носителите на играта заедно со нашиот капитен, но револтиран сум од македонската јавност која редовно плука по нас. Таквите критики ми беа мотив да покажам дека можам, денес покажав за што сум способен и се надевам дека со ваква игра ќе продолжам и во натпреварите кои следуваат“, изјави Талески после натпреварот.

Нов натпревар за Исланд не очекува веќе за три дена кога оваа селекција ќе гостува во Скопје

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …