Дома Тенис Тажен тениски момент: Дали ова значи крај на кариерата за Дел Потро?

Тажен тениски момент: Дали ова значи крај на кариерата за Дел Потро?

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро беше подложен на операција на коленото и неизвесно е дали ќе продолжи професионално да игра тенис.

Според „Ројтерс“, за време на операцијата, беше отстранет фрагмент од коската. Не се знае точното време за закрепнување на тенисерот.

Дел Потро претходно изразил сомневање дека по операцијата ќе може да ја продолжи кариерата.

„Дали тој меч ми беше последен во кариерата, не знам. Во текот на опоравувањето ќе можам со чиста глава да размислам добро и ќе знам дали моето тело ќе може подоцна да поднесува напори. Благодарност до сите за поддршката!“, истакна Делпо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Боржеш го исфрли Руд: Ѓоковиќ доби поинаков пат до полуфиналето во Базел

Нуно Боржеш со пресврт го елиминира Каспер Руд и се пласира во четвртфиналето, каде би мож…