Дома Фудбал Останато Судот не го прифати предлогот: Роналдињо во притвор!

Судот не го прифати предлогот: Роналдињо во притвор!

Eден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Роналдињо од пред неколку дена се најде во проблем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдињо и неговиот брат беа уапсени поради користење на лажен пасош при влегувањето во Парагвај. Полицијата откако ги уапсила ги испрашувала седум часа, после што двајцата беа пуштени на слобода.

Сепак судот не го прифати предлогот Роналдињо заедно со својот брат да се брани од слобода и одредил мерка притвор и за двајцата.

Според информациите кои ги објавуваат медиумите ако случајот се потврди Роналдињо и неговиот брат можат да добијат казна и до пет години затвор.

Без пасош славниот фудбалер остана во 2018 година кога му беше одземен бидејќи не сакаше да плати казна од 2.5 милиони долари поради градање на недвижнина на место каде што не е дозволено во Порто Алегре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо бара наследник на Модриќ и инвестира 100 милиони евра

Жозе Мурињо продолжува со активно градење на тимот на Реал Мадрид за сезоната 2026/27. Иак…