Судот во Версај го прогласи напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема за виновен за уценување на поранешниот фудбалер Матје Валбуена, пренесува „Екип“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бензема е прогласен за виновен за соучество во обид за уцена и осуден на една година условна затворска казна и парична казна од 75.000 евра. Максималната казна која можеше да ја добие фудбалерот е пет години затвор.




За виновни се прогласени и четворица други обвинети.
За потсетување, 33-годишниот Французин беше обвинет во 2015 година дека дејствувал како посредник, поттикнувајќи го Валбуена да им плати на уценувачите да не објавуваат интимно видео за него.