Во фантастичниот меч од ЛШ, Челзи водеше со 2:0 против Рома, на крајот дуелот заврши со реми резултат, односно 3:3.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од почетокот се виде дека на „Стемфорд Бриџ“ ќе има многу изненадувања, но никој не очекуваше ваков епилог.
Голеадата ја стартуваше Давид Луиз во 11 минута со својот погодок. Азар за „Плавите“ донесе двојна предност.
Набрзо Коларов успеа да ја намали негативата на 2:1, а потоа следеше шоуто на Един Џеко.
Најпрво во 64. минута постигна одличен погодок, а потоа и во 70. минута го добори Куртоа.
Но, на другата страна тука беше Азар кој во 75. минута погоди за 3:3 и стави точка на овој судир на титаните.