Дома Топ вести Суарез јавно го покани Погба: Добредојден си во Барселона

Суарез јавно го покани Погба: Добредојден си во Барселона

Трансферот на Пол Погба во Барселона е се уште актуелна тема и после завршувањето на летниот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред неколку дена Жерар Пике истакна дека би бил среќен доколку Французинот се пресели во Каталонија, а сега неговиот соиграч Суарез јавно го покани Погба да му се придружи на „Камп Ноу“.

„Погба е фудбалер со огромни квалитети и веќе освои се. Мислам дека во него има натпреварувачки дух за нешто повеќе од ова во моментов. Погба не е фудбалер кој и припаѓа на Барса, но секогаш би бил добредојден во овој клуб“ рече Суарез.

Англиските медиуми тврдат дека Погба не е задоволен во Манчестер Јунајтед и дека инсистира во јануари да се пресели на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…