Дома Македонски спорт Стигнуваат пофалбите: Противниците СТРАВУВААТ кога Барди ја мести топката

Стигнуваат пофалбите: Противниците СТРАВУВААТ кога Барди ја мести топката

Барди со својот Леванте во текот на вчерашниот ден успеаа да избегнат пораз во Примера против Депортиво Ла Коруњи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Леванте се врати од 0:2, а прекрасен гол од слободен удар во овој натпревар постигна македонскиот интернационалец, Енис Барди, кој воедно беше и најдобар поединец на шпанскиот тим.

Хуан Рамос Лопез Муњиз, кој е тренер на Леванте имаше само пофални зборови за „македонскиот Жунињо“ и Барди го смести помеѓу најдобрите изведувачи на слободни удари во Примера. Тоа секако е огромна пофалба, ако се знае квалитетот на шпанската лига.

„Нашите противници веќе се стравуваат кога Барди се мести да изведе слободен удар, без никакви дилеми тврдам дека ние го имаме еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Примера“, истакна стратегот на шпанскиот прволигаш.

Во продолжение да се потсетиме на фантастичниот гол на Барди против Депортиво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Милметарска трагедија на СП: Иран беше на прагот на успех

Египет и Иран одиграа нерешено 1:1 во третото коло на Светското првенство, со што конечно …