Дома Фудбал Стигна потврда: Во Португалија одлучиле дали ќе има навивачи на завршницата во ЛШ

Стигна потврда: Во Португалија одлучиле дали ќе има навивачи на завршницата во ЛШ

Oптимизам постоеше и дел од фудбалската јавност се надеваше дека на завршницата во Лигата на шампиони која ќе се одигра во Лисабон ќе има одреден број на гледачи, сепак од тоа нема да има ништо.

Португалија е земја со добра здравствена состојба кога ќе се спореди со најголемиот дел од Европа, сепак одговорните во оваа земја не сакаат ништо да ризикуваат. Тоа го потврди Антонио Ласерда Салес, секретар на португалското министерство за здравство.

„Гледајќи ја целата епидемиолошка слика шанси за навивачи на трибините нема“, потврди Салес.

Како што се најавите на 7. и 8. август најверојатно ќе се одиграат реваншите од осминафиналето, а од 12 до 23. август најдобрите осум тима во турнирски систем со по еден натпревар ќе го одлучуваат новиот шампион на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гласот на фудбалерите: По 26 кандидати за идеалните тимови на ФИФПРО

Повеќе од 26.000 професионални фудбалери учествуваа во изборот, а објавени се финалистите …