Дома Трансфер зона Стигна и потврда: Коларов се враќа во Црвена Звезда

Стигна и потврда: Коларов се враќа во Црвена Звезда

Српскиот репрезентативец Александар Коларов ова лето сигурно ќе ја напушти Рома, а италијанските медиуми пренесуваат дека би можел да се пресели во Црвена Звезда.

Коларов играл во младинските категории на Црвена Звезда, но никогаш не стигнал до првиот тим, меѓутоа не крие дека е голем фан и дека сака кариерата да ја заврши токму во тој клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, потврди за српските медиуми дека веќе ги остварил првите контакти со Коларов.

„За Александар вратите секогаш се отворени, моја желба е тој да се врати овде“, потврди Терзиќ.

Коларов сезонава покажа дека се уште е во врвна форма и на 43 меча за „волчицата“ постигна девет гола и запиша три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Борусија го засилува нападот со еден од најдобрите фудбалери во Бундеслигата?

Борусија Дортмунд сезонава не беше многу конкурентна за титулата во Бундеслигата, но успеа…