Во Европа фудбал се игра само во Белорусија каде што сезоната викендов започна, останатите првенства се во прекин поради КОВИД-19.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Англичаните официјално би требало да паузираат до 30. Април меѓутоа никој со сигурност не може дали тогаш ќе се игра фудбал, се зависи од тоа како ситуацијата со вирусот ќе се развива.
Голем број фудбалери се во изолација во своите домови и се препорачува да излегуваат само кога навистина имаат потреба. Сепак и кога ќе излезат тоа треба да биде со заштитна маска и ракавици.
Јавноста на Островот денес го критикува Стерлинг сметајќи дека неговото одење во маркет како ништо да не се случува е лош пример, со оглед на тоа дека тој е јавна личност.

