Дома Македонски спорт Старт каков што може само да се посака: Два гола на Најдовски за победа на Тирана

Старт каков што може само да се посака: Два гола на Најдовски за победа на Тирана

Поранешниот фудбалер на Вардар Филип Најдовски стартна победа во албанската лига за Тирана.

Најдовски одигра одличен натпревар и ги постигна двата гола за неговиот тим. Ваков почеток поранешниот вардарец можеше само да посакува. Уште во раната фаза по осум минути го отвори резултатот, а веќе во 14-тата го постигна вториот гол против Кукс. Тој резултат на крајот се покажа како конечен.

Ќе потсетиме, Најдовски го напушти Вардар кога клубот го зафати финансиската криза која се уште е актуелна и не се знае како ќе заврши. Заедно со Најдовски за Тирана потпиша и Кристијан Тошевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Антонио Вергара го прави деби за Италија против Франција

Антонио Вергара од Наполи го направи своето деби за Италија во реми од 1-1 против Франција…